Комисијата за заразниу болести не препорачува олабавување на рестриктивните мерки. Тие предлагаат забраната за движење на населението, полицискиот час, од полноќ до 4 часот наутро, да продолжи да важи и во наредните две недели, односно до 1 јуни. Работењето на сите угостителски објекти во овој нереден период, да биде и понатаму до 23:30 часот.
Тоа го препорачала Комисијата по редовниот денешен состанок, на кој е одлучено, да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки, и покрај стабилизираната епидемиолошка состојба и намалениот број на новозаразени од ковид-19 и на голем дел од болничките капацитети.