Полицијата информираше дека денеска повикала на информативен разговор малолетник од Кичево, кого го идентификувале откако прегледале видео на социјалните мрежи.
Малолетникот бил повикан на разговор вчера, на 29.11.2024 година, откако претходно полицајците од ОВР Кичево погледнале видео снимка на социјалните мрежи во која се гледа дека тој го нарушува јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државното знаме.
„Тој, од столб за улично осветлување со рака го отстранил македонското знаме, а потоа и едно албанско знаме“, се вели во соопштението од СВР Охрид во врска со случајот и се најавува дека ќе поднеле соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Инаку, полицијата претходно соопшти дека уште еден 17-годишник е приведен во Куманово, бидејќи се сомничи дека при прославата на Денот на албанското знаме (28.11.2024 г.) ја откорнал таблата од српскиот конзулат во Куманово.