Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници

Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката

-

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје, соопшти МВР.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија,...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на...