fbpx

Полицијата го приведе осомничениот за одземање на амбулантното возило од кочанската болница

-

Полициски службеници привеле осумнаесетгодишен жител на Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на кочанската болница одзел возило на Итната медицинска помош.

Осомничениот го украл возилото во раните утрински часови во саботата, по што, според локалните медиуми, со медицинското возило извршил неколку сообраќајни прекршоци низ улиците во градот.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера соопшти дека, по преземени мерки и активности, возилото на итната помош било пронајдено на улицата „Кирил и Методиј“ по што ѝ било вратено на Итната медицинска помош.

Директорот на Општата болница Кочани, Александар Серафимов, информираше дека се работи за постаро возило што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Тој рече дека претпоставува оти возилото го земале млади лица кои сакале да се забавуваат и побара истрагата да покаже како тие влегле и го стартувале амбулантното возило.

При приведувањето, полицијата расчистила и  „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ што лицето ги извршило претходно, а во службениот разговор со полицијата ги признал делата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...