fbpx

Полесно е да се дисциплинираат децата во градинка одошто децата во Градиште (галерија)

-

По шест месеци, денеска градинките во државата се отворија за прием на деца. Со мерење телесна температура на влез и со дезинфекција на рацете, денеска едно по едно беа примани децата во градинката ,,Буба Мара” во Аеродром. На подот се означени места со два метри дистанца, на кои родителите треба да чекаат пред објектот за да влезат. Во градинката има три влеза и сите беа отворени за прием на деца во јасли и во поголемите групи.

Родителите ги носеа своите деца, а во рацете носеа ќеси со тоалетна хартија и други средства за хигиена. Градинката ја посети министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат – рече таа во изјава за медиумите.

Д-р Александар Стојанов, в.д директор на Центарот за јавно здравје, за „Мета.мк“ вели дека полесно ќе биде да се дисциплинираат децата што одат во градинка одошто возрасните кои одат на забави, како онаа во Градиште во Охрид.

– Протоколите ги направивме, ќе видиме како градинките ќе се снајдат во пракса. Сепак, полесно е да се дисциплинираат децата, тие сфаќаат ако им објасните – вели Стојанов.

Според протоколот, приемот на деца по воспитна група треба да биде со 10 минути временска разлика на влез, на кој задолжително е обележано растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител кој секогаш носи заштитна маска.

Во врска на дистрибуцијата на храната, задолжително треба да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, а лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици. Храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите и рацете.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...