Погледнете го настанот WitcherCON и соберете различни дигитални награди

Фото: GOG.com

Настанот WitcherCON што се однесува на сè околу Witcher, книгите, серијата, игрите и стриповите го емитуваше својот прв дел: 

По интервјуто со Хенри Кавел беше емитуван и трејлерот за втората сезона од серијата:

Дигиталните награди се на „гивавеј“ преку сајтот на GOG.com и сега по стримот во живо може да се земат. Тие опфаќаат 4 анимирани карти за играта со карти GWENT, компендиум за светот на Вичер, стрип и дигитален концерт. 

За да ги земете наградите треба да се логирате на сајтот на GOG.com – ако не сте регистрирани направете го тоа, па добивате линк каде се наведени сите награди и специјален код со бројки и букви што треба да го внесете на главниот сајт на Dark Horse Comics (каде исто така треба да се регистрирате). И штом го внесете кодот таму, добивате потврда на имејл дека сте ги земале сите награди. 

На првиот дел од настанот имаше интервјуа со актери и актерки, девелопери, писатели и писателки -дури имаше и забавен квиз на којшто одговараа вработените. А меѓу секој следен прилог имаше музички настап со музиката од Игрите.  Исто така беше и најавена новата игра за мобилен што ќе има светска премиера на 21ви јули 2021- што работи како познатата Pokemon GO наречена Witcher Monster Slayer-игра која што ќе биде бесплатна:

Пред некое време беше и најавено дека Witcher 3 ќе излезе во верзија со уште повеќе надградена графика и би требало тоа да биде бесплатно за луѓето што веќе ја имаат играта. Исто така беше најавено DLC каде ќе има оклоп во играта Witcher 3 каков што носи Вичерот во серијата.  

Тоа што е важно да се спомене е дека актерот којшто го игра Вичерот во серијата, Хенри Кавел е страсен гејмер. Светски е познат по улогата на Супермен дури кога го барале првпат на телефон за таа улога го пропуштил повикот затоа што во моментот играл World of Warcraft. И самиот вели дека играта Witcher 3 ја има преиграно двапати од почеток до крај, дека исто така ги има прочитано и сите книги од Анжреј Сапковски. И за да го одберат за да ја толкува улогата на Вичер се има многу потрудено, дури и му напишал писмо од 25 страници на писателот Сапковски за тоа зошто треба токму тој да ја игра главната улога во серијата. Хенри Кавел е и PC Gamer дури и самиот си има склопено компјутер од делови. И е навистина вистинскиот избор за јунакот во серијата.

Доколку го пропуштите и вториот дел од стримот на WitcherCON лесно можете да го најдете на YouTube.