Погледнете го најновиот „гејмплеј“ трејлер за Хари Потер играта Hogwarts Legacy

Скриншот од Трејлерот за Howgwarts Legacy
Скриншот од Трејлерот за Howgwarts Legacy

Најновата игра од Хари Потер универзумот – Hogwarts Legacy е најавена за годинава и првично ќе излезе за PlayStation 4 и 5. Сè уште не се знае дали ќе биде PlayStation екслузива (односно игра што ќе може да се игра само на PS конзолите, а не и на персонални компјутери).

Објавен е најновиот трејлер кој прикажува „гејмплеј“ (играње) од играта и трае околу 15 минути. Графиката е навистина впечатлива и се издвојува по квалитет од повеќето скорешни игри. Анимираноста, текстурите и сенките се исполирани до степен на таканаречени “Next Gen” игри. Некои делови од играта делуваат како „синематици“ кои се искомбинирани со нормален „гејмплеј“.

Инаку оваа игра како таргет група ги има најмладите генерации, но секако и дека повозрасните ќе навлезат во нејзините многу опции и богат динамичен отворен свет како и можноста да се бираат различни патишта на играње на играта во приказна што се разгранува според изборите што ги правите во играта.

Големата популарност на книгите Хари Потер малку го видоизмени класичното сфаќање на волшебниците во епската фантастика. Наместо волшебници во длабока старост како Гандалф или Мерлин, иако и тоа фигурира донекаде во книгите преку ликот на Дамблдор, најпопуларните волшебници се деца.

Исто така и писателката Џ.К. Ролинг го внесува и елементот на „детективски роман“ во книгите, што е клучен елемент и во филмовите и во игрите. Во оваа игра истражувате злосторства на злобни гоблини кои користат магија и одметнати разбојници-волшебници против кои се борите. А вас ве бараат дека сте покажале посебни моќи што дури ни вашите професори во Хогвартс не ги разбираат. 

Според трејлерот и одзивот на реакции се очекува оваа игра да стане доста популарна кога ќе излезе. Сега за сега нема конкретен датум само се знае дека ќе биде годинава.