Погледнете ги најновите трејлери за најактуелните игри

Слика превземена од главниот сајт на Lost Ark
Слика превземена од главниот сајт на Lost Ark

1. Cyberpunk Next-gen

Најновиот трејлер за „Next-gen“ продолжението на играта „Cyberpunk 2077“ е по повод на големиот „пач“ што излезе неодамна каде се поправени баговите и се нудат нови содржини со 50 GB за симнување.

Играта е на 50% попуст на Steam до 1 март и чини 30 евра. За подобро запознавање со темите во играта и Сајберпанкот како правец во научната фантастика ви ги препорачуваме книгите на Вилијам Гибсон.

2. Legacy of the Sith

Ова е трејлерот за најновата експанзија „Legacy of the Sith“ за онлајн играта Star Wars  The Old Republic која можете да ја играте и на Steam бесплатно. Но, препорачливо е ако се одлучите да ја играте -да ја играте со месечна претплата, главно поради тоа што кревањето левел во бесплатната верзија трае предолго. Интересно во трејлерот е што се релативизираат „лошите“ и „добрите“ во играта.

3. Lost Ark

Lost Ark „експлодира во гејминг светот“ во последниве десетина дена. На Steam e веќе втора најиграна игра по PUBG:Battlegrounds и за ова кратко време достигна преку милион активни корисници. Мааните на играта е што се чека долго ред да се влезе во игра, поради сè уште преплавените сервери и тоа што не е добро оптимизирана со што ги препотеретува процесорите кои загреваат. Сепак, станува збор за прекрасно направена игра со „аниме драж“. Играта е бесплатна за играње на Steam.