Погледнете ги најновите трејлери за игри од Tokyo Game Show 2021

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Tokyo Game Show 2021 се одржа во периодот од 29 септември до 3 октомври во јапонскиот главен град, при што овој планетарен настан ни ги донесе најновите трејлери за игри што ќе бидат популарни во претстојниот период. Издвојуваме дел од нив:

 

  1. Stranger of Paradise Final Fantasy Origins

Најновиот Final Fantasy наслов Stranger of Paradise Final Fantasy Origins ја обработува истата премиса што генерално се провлекува во сите Final Fantasy игри околу кристалите на моќта и воините на светлината. Обично кристалите на моќта се во некаква опасност од корупција на нивната моќ, а хероите и хероините се здружуваат или да ги прочистат или да ги одбранат од силите на злото. Интересен момент е што секогаш се спомнуваат повторните собирања на нови воини на светлината, како што велат пророштвата во наративот, а никаде не се спомнуваат имињата на првите, иако велат дека нивните дела ќе се паметат вечно, имињата им се заборавени – што е малку парадоксално да не се запаметени имињата. Ова секако може и да е фактор поради тоа што во некои од Final Fantasy игрите луѓето си креираат свој лик наместо да играат готови ликови.

Овој пат, главниот лик се вика Џек и со него и неговата дружина совладувате секакви непријатели во RPG Souls Like игра што и графички делува одлично. Но, за разлика од повеќето Souls Like игри, оваа игра нема “енергија за издржливост” (Stamina bar). Ова значи дека можете да спамате напади и да правите избегнувања неограничено, но сепак има специјални способности во интересен балансиран систем на ресурси што се трошат. Има и демо за играта достапно на Playstation и Xbox што може да се симне и да се игра веднаш. 

 

2. Forspoken

Forspoken е динамична, брза игра, набиена со акција. Главниот лик, девојката Fray е афроамериканка од Њујорк што живее во гето и сака да избега од тој начин на живот, ненадејно и се отвара портал низ кој е телепортирана во земјата Атиа, каде таа поседува магични моќи, во процесот на преминување од свет на свет за неа се закачува и магична брезлетна, во која има дух со свој карактер и постојано и зборува и ја води низ авантурите. Исто така, во играта има одличен паркур што девелоперите го нарекуваат “магичен паркур”, движењата се анимирани одлично и досега работеле на целосно графичко зајакнување на играта. Има повеќе од 10 типа на магии што Fray ги прави со различни напади како магични стапици, директни удари и штитови со магија. Штитовите во играта потсетуваат на штитовите што ги прави Марвел карактерот “Доктор Стрејџ” во филмовите. Ова секако би го поврзале со најновата Марвел игра за која е следниот трејлер. 

 

3. Guardians of the Galaxy 

Guardians of The Galaxy беше рекламирана на повеќе гејминг настани и поттикна интерес како хумористична вселенска игра со многу квалитетна акција. Ова е најновиот трејлер за играта која излегува многу скоро, имено на 26-ти октомври 2021 година. За сите што ги гледале филмовите, се очекуваше во оваа игра да може да се игра со сите ликови, но играте само со еден – протагонистот Старлорд (Starlord), кој користи повеќенаменски пиштоли. Малку е ненаучно тоа што кога Старлорд ќе го спушти визирот може да диши во вселенски вакуум, додека е облечен во, да речеме, кожна јакна и фармерки, наместо со цело астронаутско одело. Но, тој момент е пренебрегнат со тоа што има различни скинови за целиот тим на Чуварите на Галаксијата, бидејќи некои од скиновите и личат како одела. Сепак, се работи за пародија и според трејлерите се појавуваат и некои ликови од филмовите, а има и голем број сосема нови ликови за непријатели. Според квалитетот на последната игра за Авенџерс изгледа дека и Guardians of the Galaxy го задржува иститот квалитет.  

 

Доколку сакате да го проследите целиот настан Tokyo Game Show 2021 каде се презентирани и други игри повелете целосна снимка со англиски превод: