Погледнетe ги најновите трејлери за игри од Game Awards 2021

Скриншот од настанот Game Awards 2021

Неодамна заврши шоуто за Game Awards 2021 се објавија многу нови трејлери за нови игри како и надополнувања на веќе промовираните игри. Се доделија многу награди за актуелните игри во посебни категории -за комплетна листа на игрите кои освоија награди можете да ги видите тукa.

Од овој настан ги издвоивме најдобрите трејлери кои со задоволство ви ги презентираме.

1. Elden Ring

Трејлерот со приказна за Elden Ring е доста интересен, иако играта е како Dark Souls според најновите gameplay видеа што беа откриени, може да се заклучи дека оваа игра нема да биде со иста тешкотија како другите Souls игри-односно нема да се гине од еден удар, туку ликот ќе трпи повеќе „демиџ“ што ќе ја направи играта стопати поигрива. За првпат ваков тип на игра има нормална приказна како во другите обични игри, додека Souls игрите обично имаат само наговестувања за нешто што би можело да биде комплетна приказна. Во секој случај приказната и намалената тешкотија се навистина добар потег за ваква графички воодушевувачка игра. 

2. Star Wars Eclipse

Star Wars Eclipse ќе биде најнова Star Wars игра сместена во Ерата на High Republic. Девелоперите од Quantic Dream известуваат дека играта е во ран развој, а ќе има разгранувачка приказна со играње на повеќе ликови. Star Wars игрите стануваат сè подобри и подобри, а и самиот трејлер е импресивен и повеќе делува како филм одошто како анимација. Сè уште не се знае многу за играта но судејќи според трејлерот би требало да биде добра игра. Веќе почнува таканаречениот „hype“ за оваа игра. 

3. Senua’s Saga Hellblade 2 

Трејлерот за Senua’s Saga Hellblade 2 e „gameplay“ трејлер што личи како анимација, а всушност е од играњето на играта. Графиката е одлична а темата е хорор и епска фантазија. Воедно елементите се одлично сработени, да се надеваме дека и повеќето нови игри ќе земат пример од оваа игра.