Unreal Engine 5 е моментално најдобриот Engine за правење игри. Иако и Unity engine-от е солиден, факт е дека Unreal Engine 5 произведува игри што имаат голем фактор на реализам во графиката и многу повеќе можности. Сите сегашни гејмери кои имаат аспирации да прават игри ќе бидат многу заинтересирани за овој „енџин“ затоа што се однесува на комплексност на тесктури, осветлување и детали. Резултатите се впечатливи и игрите отксокнуваат во квалитет и „реализам“.
Unreal Engine 5 е бесплатен за превземање и користење, но ако некоја игра направена со тој софтвер достигне заработка над 1 милион долари фирмата зема 5% “royalties”.
Интересното кај овој „енџин“ е што додека ја правите анимацијата за играта можете да ја погледнете од било кој агол и во “real time” да пуштите да тече и да ја уредувате. Алатките за додавање содржини се исто така лесни за користење со готови темплејти и единствено што се бара да се користи е доволно добар компјутер. Исто така можете и во домашни услови да експериментирате со многуте можности, па дури и сами да направите игри.
Во овој напис ви ги преставуваме продолжените трејлери за импресивните игри наменети главно за најновите конзоли како Play Station 5 и најновиот Xbox. Како и подолго видео за неодамнешната акција на Epic Games за промоција на Unreal Engine 5 од кое можете да дознаете многу повеќе.
4. Продолжен трејлер за Matrix Awakens на Unreal Engine 5
Самото демо што беше објавено краткорочно и повеќе го нема на Epic Games беше наменето да го промовира најновиот филм Matrix 4: Resurrections. Се работи за еден вид на дигитална играчка каде имате и “spectator mode” за да го разгледате светот. Графиката е толку добра што играта наликува како продолжена анимација целовремено во еден голем раздвижен, жив град низ кој можете да играте. Да се надеваме дека скоро ќе излезе и цела ваква игра. Што се однесува до претходните Матрикс игри, одамна немало понова игра на оваа тема. Enter the Matrix беше позабавна и со подобар “комбат” од Path of Neo која исто така беше добра но имаше невозможни комбоа за изведување на тастатура. Идејата за Matrix Online иако пропадна во претходниот постар проект, е одлична идеја за онлајн верзија-идеја што сè уште чека да биде „воскресната“.
3. Black Myth: Wu Kong трејлер
Wu Kong или Monkey King (Кралот Мајмун) е лик од кинеската митологија што се појавува во повеќе популарни игри и има своја верзија на интересно „херојче“ за Dota 2, како и впечатлив Warframe „оклоп“ во истоимената игра, но секако фигурира и во голем број други игри. Има повеќе западни и кинески филмови за овој лик и најчесто се насловени со Journey to the West (Патување на Запад). Насловот е според името на традиционалната книга во Кина романот „Патување на Запад“ од писателот Ву Ченг ен во 16ти век која првпат била преведена на англиски како “Monkey”.
Оваа верзија во Black Myth: Wu Kong е малку „посериозна“. Играта потсетува на “Souls” играта Sekiro. Додека таа е во јапонски сетинг, оваа игра е во кинески митолошки сетинг, но со свое ниво на драж и гротеска. Со секое ново прикажување, развитокот на оваа игра изгледа подобро и подобро па да се надеваме дека ќе излезе наскоро. Се шпекулира дека ќе биде објавена во 2023 година.
2. Ark 2
Аrk 2 е продолжение на „сендбокс“ играта со преживување Арк 1 која е ММО што е веќе позната по припитомување диносауруси и преживување во дивина. Пред да почнете со научниот факт дека луѓето и диносаурусите на Земјата живееле во различни периоди и дека ова не е научно егзактна игра, мора да се напомене дека дејството се случува на друга планета, а протагонистот (главниот лик), Сантјаго, што го толкува Вин Дизел потекнува од Земјата. Ова им оди во прилог на еволуционистите кои претпоставуваат дека и животот на други планети еволуира исто како и на Земјата. По таа логика на друга планета во ран развој е логично да има диносауруси. Дури и децата ја наоѓаат грешката на праисториски луѓе и диносауруси во исто време во “Flinstones” цртаните филмови бидејќи се интересираат за диносауруси од млада возраст.
Вин Дизел е и девелопер на играта и има играно преку 1000 часови во првиот дел од играта Ark 1. Можеби не сте знаеле дека тој е долгогодишен „гејмер“ како што може да се види и во ова интерјву на повеќе актери. На пример неговиот став за WoW е дека никогаш нема да биде надмината и нема да има “WoW Killer” игра. Вин Дизел се појавува како лик во повеќе игри, од игри со возење до игри со акција, меѓу кои и Ридик игрите.
1. Супермен демо во Unreal Engine 5
Ова е мод направен за „летањето на Нео“ во претходно презентираната Matrix Awakens игра и е неверојатен приказ за тоа како треба да изгледа “free roam” летање на Супермен во Метрополис. Всушност се работи за градот од Матрикс играта што многу наликува на Њујорк. Но, како што велат стрип-фановите „Метрополис е Њујорк преку ден, а Готам (Њујорк) преку ноќ.”
Може да се рече дека најдобра игра за Супермен во моментов е онлајн играта DC Universe Online каде можете да играте таканаречен „Супермен eгзобајт“ односно ваш лик кој има моќи како Супермен. Таму летањето низ Метрополис е добро преставено, но ова демо (кое може да го симнете овде) донесува поголем момент на „реализам“ и неверојатна графика, како и сите нови игри во Unreal Engine 5. Тоа што е добро е што овој мод е направен од еден човек кој на Редит се нарекува Tjatomica. Кога еден човек од дома може да го направи ова, замислете што сè може да се направи во Unreal Engine 5.
P.S. Најновата „Вичер“ игра за која се предвидува дека главниот лик ќе биде Ciri, како и најновата Tomb Raider игра, официјално е објавено дека ќе бидат изработени во Unreal Engine 5.
Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.
Од...