Погледнете ги најдобрите трејлери од Е3 2021

Фото: Принтскрин, Bandai Namco, Youtube

Погледнете ги најдобрите трејлери од Е3 2021

1. The Outer Worlds 2

Ова е комичниот пародија трејлер(воедно и официјален трејлер) за играта The Outer Worlds 2 игра што би била како Fallout во Вселена. Првиот дел од играта(Outer Worlds 1)  потсетува на Mass Effect серијалот само со дистинкција што изобилува со хумор. Додека Маss Effect игрите имаат доста превземено од легендарните Star Wars Knights of the Old Republic 1 и 2.(SWKOTOR 1 и 2).А во SWKOTOR 1 го има еден од најдобрите пресврти во приказната во историјата на видео игрите. Иако е постара игра вреди да се изигра и сега.

2. Avatar: Frontiers of Pandora

Најновата игра на тема Аватар според познатиот филм изгледа доста добро, перспективата ќе биде од прво лице и ќе можат да се истражуваат вонземски прашуми со секакви суштества. Конотациите на домородците со африканците и американците староседелци се изразени во играта и нормално еколошката порака против прекумерната индустрализација е пандан што се однесува на тоа како ја третираме нашата планета.

3. Age of Empires 4

За сите љубители на стратегии (RTS Real Time Strategy) најавата на најнова Age of Empires игра е голема вест. Стратегиите отсекогаш барале малку плус интелектуален напор и воедно се привлечни кога ќе навлезете во игрите. Сите што ги играле серијалите Command and Conquer, Warcraft 1,2,3, StarCraft, Broodwar i StarCraft 2 и серијалот Age of Empires е секогаш во првите топ 5 вакви игри и не само тоа туку во Age of Empires можете да играте и како Македонци како една од цивилизациите кои се одбираат.

4. Elden Ring

Elden Ring е една од најдобро сработените игри но е сеуште во развој и сеуште не се знае кога точно ќе излезе. За разлика од Dark Souls каде Мизаки ја прави прво играта па остава приказната во фрагменти да се развива, овде првпат има писател (Ј.Р.Р. Мартин) што го има поставено светот, митологијата и приказната. Најнови вести околу Elden Ring е што играта ќе содржи 100 скилови што ќе може да се аплицираат на повеќе различни оружја, додека досега во Dark Souls оружјата имаа различна употреба а скиловите се појавуваат прв пат во Sekiro. Исто така уште еден новитет во играта е дека ќе можат да се примитомуваат чудовишта и непријатели кои се појавуваат во духовна форма и се борат на ваша страна. И за разлика од другите вакви игри ќе можете да се борите додека јавате коњ, впрочем и некои главни нема да можат да се совладаат без јавањето. Се’ на се’ се очекува оваа игра да биде навистина добра а веќе и има многу голем интерес за неа.

5. Sequel to The Legend of Zelda: Breath of the Wild

Најновата Зелда игра нема објавено официјално име само е позната како продолжението на The Legend of Zelda: Breath of the Wild. Овој серијал трае многу долго и е доста популарен кај децата ширум светот(и кај пораснатите возрасни генерации што ја играле), всушност и самата игра е така направена да ги запознае децата со основните RP (RolePlay) елементи додека светот е изработен со колоритна прекрасна природа. Целта на играта е да долови чувството како да играте во аниме цртан филм.