fbpx

Поевтинуваат горивата – бензините за 2 денари по литар, дизелот за 3 денари

-

Со најновата одлука од вчера на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ горивата се поевтинети – бензините за 2 денари по литар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство за 3 денари по литар помалку. Поевтинување има и кај мазутот.

Новите цени на горивата од денеска се:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 79,5 денари/литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 81,5 денари/литар
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 76 денари/литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 72,5 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 54,521 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...