Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Фото: Скриншот од Трејлерот за играта Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична за поискусните гејмери но исто така популарна и за помладите генерации преку најновите филмови според книгите на Френк Херберт. 

Додека Doom серијалот од својот зачеток па досега секогаш бил првата FPS игра за многу луѓе иако технички првата FPS е Wolfenstein. Додека Crimson Desert има предобар свет и графика од сите три споменати ќе биде повеќе игра што апелира на поновите генерации. 

 

Сепак како што може да се види и од трејлерот се работи за игра од епски размери. Со многу интересни карактеристики што потсетуваат на други игри. Пример формата на сениште со која може да “глајдате” од високо изгледа како ултра верзија на формата на сениште во Prince of Persia Warrior Within откако принцот ја става маската.

Јавањето змејови наликува на јавањето змеј во Skyrim и од Guild Wars 2, а нормално и од World of Warcraft. Имплементирање на развиена цивилизација со заборавена технологија дури има и слични визуелни ефекти кога се откриваат тајни локации со технологија заменета за магија – исто како во Assassin’s Creed серијалот.

Но отворениот свет изгледа одлично и навистина дава чувство на пространство нешто што на сите игри од овој тип е тешко да се реализира, токму поради опцијата за Fast Travel. Во Black Desert Online исто од фирмата Pearl Abyss нема fast travel но има коњи кои се доста брзи, сепак задоволството на јавање коњ низ природа и средновековни места дава чувство на слобода и релаксација. Комбатот е сличен на BDO (Black Desert Online), за која имаме претходни написи овде, но најбитниот фактор може да пречи на играчите, пренагласените светлосни ефекти при борбите. Во Black Desert се особен проблем додека се грајнда, но Crimson Desert ќе биде Single Player.

Најновата DUNE игра доби и нови гејмплеј видеа за играта. A за самиот сетинг и приказна може да ги прочитате претходните написи на темава овде – првиот и вториот. Иако е доста јасно се кажано во извештајот со видеото:

Неколку карактеристики недостасуваат кои се иконични во DUNE, не може да се јаваат џиновските црви, иако може да ги “кајтате” цврот да уништува за вас, не е препорачано. Целата игра повеќе се заснова на пукање одошто борби со ножеви и има бирање на фракции, па и политички интриги при крајот на играта.

Исто така самата игра има интеракција со други играчи – во стилот на правење класични гилди или кланови. Има и борби против други играчи PvP (Player vs Player) со цел на земање на најважните ресурси вода и “зачин” (spice melange) кој па отвара и други способности и што повеќе се користи се развива толеранција и гладот е поголем, дека во овој фантазиски свет зачинот е дрога која ја проширува свеста и дава мистични способности- што мора да се напомене дека не е тоа случајот со ниедна дрога во реалниот живот-каде дрога само би ве оштетила или убила. 

За љубителите на DOOM серијалот се смета дека оваа игра ќе биде револуционерна – дека го редефинира FPS жанрот со претерано насилство и инвентивни оружја.

Ако имавте потешкотии да ја разберете гејмерската терминологија ви го препорачуваме следниот водич каде детално се објаснети значењата на термините. 

Сите три споменати игри се закажани за годинава 2025 без конкретени датуми на лансирање на игрите.