Поднесено обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 11 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје

-

Јавен обвинител поднесе обвинение против  три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле тешки дтешки ела против општата сигурност, соопштија од Јавното обвинителство.

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 11 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

Притоа, на запалениот објект предизвикале и имотна штета проценета на над 360.000 денари.

Како што соопштија од обвинителството, тројцата, со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички пристигнале во близина на кафе барот.

Додека обвинетиот што го управувал возилото останал во автомобилот, останатите двајца отишле во деловниот простор – еден од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа, сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од местото на настанот.

 

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Скопје – кои улици ќе бидат затворени?

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на одредени улици во главниот град. Промените ќе се...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како...