fbpx

Поднесено обвинение за креаторот и за администраторот на групата „Јавна соба“​

-

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен акт против основачот и против администраторот на групата „Јавна соба“ на Телеграм, соопшти обвинителството. Двајцата обвинети, на возраст од 32 години и од 21 година се товарат производство и дистрибуција на детска порнографија, , според член 193-а, став 3, а во врска со став 1, од Кривичниот законик.

„Во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените и да ги прикриваат трагите за стореното дело, како и да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети,“ се вели во соопштението.

На социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата биле обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Инаку, предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“, што уследи по погореспоменатиот, е во фаза на предистражна постапка, известија од Обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи на 27 јануари 2021 година се обрати до меѓународниот сервис провајдер за услуги „Телеграм“, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група.Од тие причини, Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош, па согласно позитивните домашни и меѓународни прописи, податоците ги побара од Обединетото Кралство. До овој момент не е пристигнат одговор на ова барање,“ се додава во соопштението.

Инаку, за утврдување кривична одговорност во групата „Јавна соба 2“, согласно својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата.

Во Основното јавно обвинителство Велес во врска со „Јавна соба 2“ оформен е предмет и донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видео записи со детска порнографија.

Во Основното јавно обвинителство Битола е оформен предмет во врска со „Јавна соба 2“. Обвинителството издаде наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази и утврдување на факти во предметот. По пристигнување на извештајот од извршеното вештачење, ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката, велат од обвинителството.

Се постапува и во Кавадарци, каде во тек е прибирање на материјали докази, за кои обвинителството во моментов не е во можност да сподели детали.Оформен предмет има и во Основното јавно обвинителство Прилеп, каде од пријавеното лице се одземени два мобилни телефона и издадена е наредба за нивно вештачење.

„Во зависност од обезбедените вербални и материјални докази во текот на претходната постапка овие предмети поврзани со групата „Јавна соба 2“, ќе биде одредена и правната квалификација која ќе произлезе за наведените кривично-правни настани,“ велат од Јавното обвинителство.

Невладини организации и граѓани изминатиот период постојано бараа расчистување на овој случај, а на 3 февруари се случи и протест на кој се бараше санкционирање на сторителите и правда за жртвите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...