fbpx

Поднесено обвинение до РЕК Битола за загадување на животната средина

-

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе обвинителен акт против едно одговорно лице за кривично дело – Загадување на животната средина и природата како и против правното лице АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија кое се товари дека сторило кривично дело – Загадување на животната средина и природата, информираат од Јавно обвинителство.

„Во периодот од јануари 2015 година до 7 февруари 2017 година, на обвинетиот како одговорно лице во правното лице – директор на РЕК Битола, подружница на АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија му било доверено извршување на законските и подзаконските прописи за управувањето, користењето и располагањето со имотот, раководењето со производниот потфат и надзорот, во име и за сметка на обвинетото правно лице. Но, притоа тој не се придржувал кон прописите за заштита на животна средина и дозволил користење на погон кој ја загадува животната средина, па спротивно на член 6, член 13, член 14 и член 15 од Законот за заштита на животната средина, дозволил отпепелувањето на пепелта која се добива во процесот на производство на електрична енергија од јаглен во РЕК Битола на одлагалиштето за пепел да се спроведува без да се почитуваат утврдените правила и процедури за навремено покривање на пепелта со јаловина со континуирано и постојано работно ангажирање на потребната механизација на одлагалиштето“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека, „и покрај тоа што Секторот за отпепелување во рамките на ПЕ Термоелектрана при РЕК Битола постојано барал ваква механизација, како директор на РЕК Битола обвинетиот не презел мерки за непречено обезбедување на механизацијата на лице место.“

„Како резултат на тоа, на одлагалиштето во наведениот период биле одлагани големи количини непокриена пепел кои во март 2017 година достигнале површина од 50.000 метри квадратни. При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу РЕК Битола. Имено, летечката пепел која се создава со согорување на јагленот содржи сулфур диоксид, азот диоксид и тешки метали чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението кое работи и живее во близина на термоелектраните како РЕК Битола“, се додава во соопштението на Јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...