fbpx

Поднесена тужба до надлежните поради непреземање мерки против дивата депонија во Струга

-

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јануари годинава поднесе тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП), Општина Струга и против Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, која подолг период постои во градот.

Депонијата постои, а тужените, не ги почитуваат и извршуваат обврските кои ги имаат врз основа на Законот за животната средина, Законот за управување со отпадот како и националните и локални стратешки документи од областа на управување со отпадот, предизвикувајќи сериозни штети на животната средина и врз здравјето на луѓето.

Врз основа на вештачење, МЗМП бара од Основниот суд Струга да утврди дека тужените го повредиле правотo на здрава животна средина, на живот, на почитување на приватниот и семејниот живот, затоа што што во периодот од 2006 година до 2021 година не презеле соодветни мерки и активности за спречување, превенирање или намалување на штетните последици по човековиот живот и здравје, предизвикани од загадувањето на животната средина од дивата депонија.

Со тужбата од МЗМП се бара Основниот суд Струга да ги задолжи тужените: да забранат натамошно депонирање на било каков отпад на дивата депонија, да извршат деконтаминација и рекултиривање на просторот во и околу депонијата преку конкретни задолженија, изготвување и реализирање на софистициран план за селектирање и рециклирање на отпадот на територијата на Општина Струга, како и да се зајакне капацитетот на инспекциските служби од областа на заштита на животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...