fbpx

Подготвени но под стрес, матурантите денес полагаа мајчин јазик

-

Матурантите во државата денес полагаат мајчин јазик, задолжителниот предмет од државната матура, која пак, е услов за упис на факултет. Процесот утрово започна на време и без значителен број на отсуства на ученици. Директорите на училишта со кои поразговаравме, велат дека учениците дошле подготвени за испитот на зрелоста.

„Малку се под стрес, но нашите ученици секогаш доаѓаат подготвени за државната матура. Сите ученици утрово дојдоа на училиште, немавме отсуства, влегоа во училниците заедно со тестаторите и полагањето започна на време. Одовде, тестовите спакувани во вреќички ќе бидат однесени во Државниот испитен центар каде што ќе бидат прегледувани“, вели за Мета Драгана Арсовски, директорот на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“.

Слично е и во гимназијата „Орце Николов“. Директорот Митко Димовски вели дека сите ученици дошле на време и дека немало доцнење со полагањето.

„Нашите училници сите се климатизирани, учениците ги имаат потребните услови. Имаат цели четири часа за одговарање на прашањата, така што навистина нема потреба да брзаат. Точно е дека е обемен материјалот, но сигурен сум дека ќе имаат солидни резултати“, вели Димовски.

Вториот задолжителен предмет матурантите ќе го полагаат на 13 јуни. Годинава, вкупно 15.899 кандидати се пријавиле за полагање на државната матура.

Најмногу пријави има за англиски јазик – 14.320 кандидати, а за полагање математика се пријавени 1.231 матурант. За германски јазик пријавени се 118, кандидати, 30 кандидати има за тестот по француски јазик, како и 10 матуранти за руски јазик. Петнаесетмина ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Резултатите од испитите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Покрај екстерни, матурантите имаа и два интерни испита и една проектна задача.

За да нема препишување и за да биде целот процес потранспарентен и објективен, надлежните размислуваат од следната година државна матура да се полага во спортски сали и амфитеатри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...