fbpx

Подготвен првиот предлог закон за јавно приватно партнерство и концесии

-

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка и финансиска поддршка од Британската амбасада го подготви првиот Предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава. Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска информираше дека преку проектот „Зајакнување на правната рамка и политика на ЈПП и концесии во Република Северна Македонија“ изготвена е драфт-верзија на Законот за јавно приватно партнерство. Главнат цел е да зајакнат улогата и надлежностите на Министерството како надзорен субјект, во реализацијата на ЈПП проектите во целиот процес.

„Во изминатиот период бевме во постојана комуникација со стопанските комори и со бизнис заедницата со цел да имаме правна рамка која ќе биде во интерес на сите засегнати страни, која ќе ги дефинира и разјасни проблемите со кои се соочуваа досега во врска со јавното приватно парнерство, а со цел да се подобрат можностите за користење на приватниот сектор за навремена испорака на поефикасни и поквалитетни јавни услуги“, потенцираше министерот Бектеши.

Овој проект е започнат во јули 2019 година, а законското решение што е креирано со помош на Светска банка, е испратено до сите инволвирани страни, со цел во наредниот период целосно да се усогласи со најдобрите светски стандарди и со меѓународната практика за овој вид партнерство.

Според Бектеши, новиот закон за ЈПП треба да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации. Новите инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат подобри работни места, ќе го зголемат пристапот до пазарот на труд и ќе обезбедат подобри услуги во клучните сектори, како вода, енергија, здравје и образование.

Паралелно со законот, се работеше и на креирањето на единствен систем/софтвер за Министерството за економија каде што ќе се водат сите склучени ЈПП договори, како единствен електронски запис и централен извор на информации. Регистарот ќе собира и евидентира информации за кои ќе им обезбеди пристап на сите донатори за следење на проектите од самиот почеток.

Шефот на канцеларијата на Светска банка, Масимилиано Паолучи, кажа дека јавното приватно партнерство може да игра конструктивна улога во развојот на инфраструктурата во една земја и да го подобри квалитетот и исплатливоста на испораката на јавни услуги.

„Ако се имплементира правилно, ЈПП може да ѝ помогне на Северна Македонија да испорача инфраструктурни услуги во голем број области, на прирем зелена енергија, во здравствениот сектор, општинските услуги. Можноста повеќе да се потпираме на ЈПП во иднина лежи во градењето на капацитет за спроведување на вакви проекти, како од јавниот, така и од приватниот сектор“, рече Паолучи.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј посочи дека искуството и советите од Светска банка, како и искуствата од најдобрите светски практики, ќе обезбедат создавање на оптимален модел на ЈПП во земјата. „ЈПП некогаш значи ризик, некои од проектите се со пропусти, но многу од нив се успешни во светот. Затоа треба да се постават јасни насоки, транспарентни политики и ефикасни тимови во јавниот и приватниот сектор кои треба да ја подобрат ефективноста и целисходноста на овие проекти”, истакна Галовеј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...