Поддршка за студените и од невладината „Цивил“

-

Невладината организација „Цивил“ и организаторите на протестот против плаќање придонеси за хонорарите ја изразуваат нивната поддршка и солидарност со студентите и ги повикуваат сите граѓани да учествуваат на студентскиот протест в петок, во 14 часот, пред Владата на Македонија.

„Да чекориме заедно со студентките и со студентите на оваа земја кои покажаа зрелост, достоинство и решителност! Сите овие денови прогресивните млади им го исполнуваат срцето и им даваат надеж на сите граѓанки и граѓани на Македонија. „Студентски пленум“ покажа дека ова општество има сили да се издигне над етничко-религиозните стапици кои ги поставуваат клеро-политичките мафиози. Студентите им одржаа лекција на сите салонски револуционери, на партиите, на невладините фолиранти, на црвените буржуи, но најмногу на власта. Ги повикуваме и нив, да научат, да ги признаат грешките и да ги поддржат“, се вели во соопштението од „Цивил“.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...