Играта „Pokémon Go“ е сè уште активна. Додека беше во подем играчите „ловеа покемони“ со сликање локации, каде виртуелните покемони се појавуваат во реалниот свет на улица или во околината на играчите, и се детектираат со мобилен телефон.

Податоците собрани од локациите што милиони играчи ги сликале, моментално служат за систем за навигирање дронови напаѓачи и тренираат ВИ модели за милитаристички цели, во случај на леталата да им се попречи GPS сигналот, може да се користат податоците од играта за мапирање на локации и цели за уништување, бомбардирање и убивање. 

 

Фирмата „Savvy Games Group“ од Саудиска Арабија целосно ја откупи гејминг дивизијата на фирмата што ја прави и одржува играта „Pokémon Go“ наречана „Niantic“- за сума од 3,5 милијарди долари во 2025 година, и податоците од играта се користат за тренирање воени машини. 

Според Енди Чалк гејминг новинарот од сајтот „PC Gamer“ дисруптирањето на GPS сигналот што доаѓа од сателити било воена тактика што се употребува, но токму поради таканаречниот VPS (Visual Positioning System) Визуелен Систем за Позиционирање контролиран од автоматизирани AI модели, може да се навигира и извршува воени мисии и без GPS пристап. 

Што се однесува до злоупотребата на гејмерите, легално за воопшто да може да пристапат на играта „Pokémon Gо“ потпишуваат со клик договор за користење на играта којшто ги обесправува до тој степен што буквално сè што прават во играта -може сопствениците на играта да го употребат без проблем, за било кои цели. 

Поврзаноста на фирмата „Niantic“ со интерни договори со милитаристичката фирма „Vantor“ и експонирањето на овој случај, ги натера „Vantor“ да кажат дека поголем дел од мапирањето е веќе извршено преку сателити и одрекуваа дека податоцитите од фотографиите и скенирањата на играчите за локации (преку 30 милијарди скенирања направени рачно со мобилни телефони).

(Image credit VantorNiantic Spatial) слика превземена од вебсајтот PC Gamer

Јероен ван ден Ховен реномираниот професор  по етика и технологија на Делф Универзитетот изјави за Холандскиот медиум „Trouw“ дека податоците од гејмерите прават драстична разлика, играчи кои биле несвесни дека се употребуваат за воени операции. Тој вели -цитирам: 

„Овој систем не би прогресирал толку брзо без огромната количина скенови од сите тие гејмери.” и додаде „ Гејмерите индиректно и несвесно на минимален но сепак ефективен начин допринеле за милитаристички апликации.“

„Луѓето кои мислеле дека само играат видеоигра очигледно биле измамени.” -директно констатира ван ден Ховен.