fbpx

„Подадената рака“ на ВМРО-ДПМНЕ за справување со корона вирусот е спин со популистички шмек

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски излезе во јавноста со предлози до Владата за серија мерки за справување со корона вирусот, при што се препознава спин, т.е. извртување на вистината, пишува „Вистиномер.мк“.

Мицкоски, по вчерашната лидерска средба, на која се разговараше за состојбата со корона вирусот во земјата, денеска излезе со спинување за „подадена рака“ кон власта за справување со ситуацијата. Тоа е спинување зашто понудата од итни серија мерки што треба да ги преземе Владата, а кои се однесуваат на граѓаните и економијата, во голем дел се неспроведливи или нема логика да се спроведат.

Еве дел од мерките што ги сметаме за такви:

– државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните;

– еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот;

– предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот;

– замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот;

– државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите;

Конечно, кога толку „подаваат рака“, зошто ВМРО-ДПМНЕ не предложи партиите да се откажат од буџетското финансирање за одреден период, вклучително и платеното медиумско претставување за време на изборите, што е бројка од повеќе милиони евра?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...