fbpx

Почнуваат чествувањата за Свети Никола

-

Со света утринска литургија во Соборниот храм „Свети Никола“, почна чествувањето на празникот на патронот на Штип, свети Никола. Празнувањата продложуваат со литија, која тргнува од Соборниот храм до плоштадот, каде се крши празничниот колач.

На свечена седница ќе бидат доделени признанијата „Свети Никола“ на стопанствениците Александар Патраклиски и Ѓорги Самандов и на земјоделецот Трајче Станков. Орденот „Свети Никола“ нема денеска да му се врачи на премиерот Никола Груевски, кој утре ќе присуствува на отворањето на Музејот на ВМРО – „Штип и Штипско 1893-1934“.

Музејот со 11 восочни фигури е сместен во реконструираната Куќа на Андонци, во Ново Село, од каде потекнале сите револуционери чиишто восочни фигури ќе бидат поставени, како Тодор Александров, Иван Михајлов, Мише Развигоров, Славчо Ковачев.

Според директорот на штипскиот Завод и музеј, Зоран Читкушев, освен фигурите, во музејот ќе бидат сместени документи и фотографии од тоа време. Поставката е дело на историчарите Зоран Тодоровски, Никола Жежов и Виолета Ачковска, со помош на тим од штипскиот музеј.

Читкушев изјави дека е рано да се зборува за вкупната вредност на музејот, додека не се завршат сите градежни книги. На тендер била избрана фирмата РЖ да ги изработи восочните фигури, со помош на скулпторот и професор на Факултетот за ликовна уметност, Жарко Башески.
Восочните фигури чинат четири милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...