Од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, а од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации. Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија информира дека од утре почнува новиот зимскиот ред на летање.
Патниците од Скопје ќе може да летаат кон Анталија, Атина, Базел Милуз, Белград, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Брисел Шарлероа, Будимпешта, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Измир, Карлсруе, Ларнака, Љубљана, Лондон Лутон, Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Фиумичино, Салцбург, Сараево, Венеција Тревизо, Виена, Загреб, Цирих и Варшава.
Чартер летовите се до Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон, Париз, Лион/Марсеј и Диселдорф/Франкфурт. Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих.
„Зимскиот ред на летање за Охридскиот аеродром е идентичен со ланскиот зимски распоред на летови, додека на скопскиот аеродром минатата година во зимската сезона имаше 13 авиокомпании кои летаа до 42 дестинации“, информираат од ТАВ.
Со последниот повик за субвенционирање на авиолинии следната година од македонските аеродроми ќе може да се патува до Дубаи и Барселона, дестинации кои се обновуваат, како и до Лион, Штудгарт, Базел и Истанбул.