fbpx

Почнува уписот на УКИМ, слободни 10.710 места

-

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година.

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5.402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.273 и за вонредни студенти слободни се 1.035 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...