fbpx

Почнува проектот за дуално стручно образование, ќе се води по германски терк

-

Делегацијата на германското стопанство во Македонија почнува со тригодишен проект за дуално стручно образование кој ќе биде воден по германски терк.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс, смета дека овој проект е од особено значење за развојот во стопанството во Македонија и голем број проблеми ќе се решат со неговата имплементација.

– Со овој проект ќе им помогнеме на компаниите кои работат во индустријата да обезбедат стручен кадар со тоа што учениците уште за време на своето средно образование ќе бидат подготвувани за работа во конкретна компанија. И за двете страни имаме победничка ситуација, компаниите кои нема да губат време и финансии во едукација на новиот кадар и ученици, кои може да се чувствуваат сигурно дека по завршувањето на нивното средно образование ќе се вработат во компанијата во која се стекнале со пракса за време на своето средно образование – вели Мартенс.

Идејата за дуално стручно образование ја поздрави Владата, која ќе обезбеди услови за полесно имплементирање на проектот и ќе одвои одредени средства од буџетот за поддршка на компаниите.

– Не е во ред младите луѓе да ги качуваме на мост, мост кој се вика надеж и да ги насочуваме да се определат за универзитетско образование, а потоа да не може да најдат соодветно вработување. Една држава не може да опстане во која дури 95 проценти од популацијата е со високо образование – кажа Анѓушев.

Според Агенцијата за вработување, дури 25 проценти од популацијата на возраст од 25 години се невработени.

– Тоа се поразителни бројки за нашата земја и итно мора да се преземат мерки за решавање на овој проблем – соопшти  Анѓушев.

Проектот е поддржан од Министерството за економија на СР Германија и се спроведува во шест држави, а Македонија е една од нив.

– Во Германија може да се пофалиме дека сме држава во Европа со најниска стапка на невработеност кај младата популација (7,3 проценти) и сето тоа е благодарение на овој систем на едукација – соопшти Мартина Колберг од Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...