Почнаа разговорите за иницијативата за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”

Во Општина Берово на 18 февруари 2021 година се одржа состанок за прогласување Заштитено подрачје „Малешево“ | Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Во просториите на Општина Берово вчера се одржа состанок за иницијатива на општините Берово и Пехчево за прогласување на заштитено подрачје „Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина.

На состанокот, покрај претставници од двете општини, присуствувал државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова (МЖСПП) и стручни лица од министерството како и претставници од ПЗП Фармахем и од Македонско еколошко друштво. Се разговарало за тоа под кои услови овој предел може да се прогласи за заштитено подрачје и за начинот на управување со него, соопшти МЖСПП.

„Заеднички беше ставот дека е потребно активно вклучување на сите чинители и инволвирани страни со цел да се изнајде најприфатливото решение за локалното население, а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешно управување со природните богатства од регионот“, се вели во соопштението.