fbpx

Почна собраниската седница на која треба да се избере новата Влада

-

По речиси еден час задоцнување, во Собранието почна седницата на која треба да се избере новата Влада.

Од СДСМ веруваат дека преку квалитетна дебата, предлозите за новиот владин состав ќе го добијат потребното мнозинство.

„Новиот владин состав одговорно, отчетно и посветено ќе работи и гарантира континуитет во спроведувањето на нашите заеднички стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со корона вирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции,“ велат од СДСМ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ пак, Димче Арсовски најави дека оваа партија ќе учествува на расправата, но ќе гласа „против“.

„Oваа влада која што ја предложи, Зоран Заев како старо-нова влада на СДСМ е крајно криминална, корумпирана и со низа скандали. Ние имаме апсолутно причина да дебатираме во Собранието и да ги изнесеме сите аргументи зошто не треба оваа влада да биде на чело на државата, и зошто овие министри не треба да бидат министри во оваа држава,“ изјави Арсовски.

Во предлог-составот на новата Влада, покрај Зоран Заев како премиер, членови на Владата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

Артан Груби од ДУИ ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. За министер за информатичко општество и администрација е предложен Јетон Шаќири.

Расправата за новата Влада, која ќе има 19 наместо досегашните 26 министри, може да трае најмногу два дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...