fbpx

Почна седницата на Комисијата за уставни прашања, Заев ќе го образложи предлогот

-

Почна првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието, со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Седницата ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери кој истовремено е и претседател на Комисијата за уставни прашања. Премиерот Зоран Заев е претставникот на Владата кој ќе го образложи предлогот, а присутен е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На седницата присутни се неколкумина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу кои Трајко Вељаноски, Димитар Стевананџија и Невенка Стаменковска кои се членови на Комисијата, но и  Илија Димовски, Антонио Милошоски и Јохан Тарчуловски, кои не се ниту членови, ниту заменици.

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, пристигна од Владата, која во понеделникот го усвои на владина седница. Истата точка е на дневен ред на 61. седница на Собранието на Република Македонија, свикана за понеделник 15 октомври со почеток во 11 часот.

Седницата за Уставни прашања може да заседава најмногу 10 дена, а исто толку дена Предлогот ќе биде ставен за расправа и на пленарна собраниска седница. Потоа пратениците, за да помине Предлогот, треба да го изгласаат со двотретинско мнозинство, од вкупниот број на пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...