Парламентот на Бугарија и кабинетот на претседателот на Бугарија (десно), во строгиот центар на Софија, Фото: Мета.мк, 17 јуни 2021

И покрај немањето кворум за пленарна седница, во парламентот на Бугарија сепак почна седницата на Комисијата за надворешна политика на која се разгледуваат три предлога за кревање на ветото. Предлози поднесоа ДПС, ГЕРБ И ДБ, која важи за цврст партнер на партијата на Кирил Петков. На комисиската седница е и министерката за надворешни работи (во оставка), Теодора Генчовска.

Парламентот вчера доцна попладне изгласа недоверба на владата на Петков, односно тоа го направи опозициското мнозинство составено од ГЕРБ на Бојко Борисов, екс-премиерот кој го постави ветото, Движењето за права и слободи (ДПС), потоа „В’зраждане“ (Преродба) на Костадин Костадинов, кој е жесток заговорник на бугарските националистички тези, како и на гласовите на „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, кој е на истата линија со Костадинов.

Во текот на денешниот тензичен ден во парламентот на Бугарија, бугарскиот претседател Румен Радев објави дека мандат за формирање нова влада може да додели дури откако премиерот Кирил Петков во парламентот на Бугарија ќе ја достави оставката на сегашната влада, пренесува mediapool.bg.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here