fbpx

Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица во Скопје

-

Градот Скопје денеска ја почна првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица. Градежни работи на оваа сообраќајница ќе се изведуваат на потегот од клучката кај Бит – пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Увид во градежните активности на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев, информираат градските власти.

– На овој дел ќе се изведе атмосферска канализација која досега не постоеше, а ќе се изврши и целосна реконструкција и на другите подземни инсталации за што се известени правните субјекти. Правилото е јасно – пет години по завршувањето на реконструкцијата на одредена сообраќајница нема да дозволуваме прекопување. Ова е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица, во тек е проектирањето на втората фаза и очекувам напролет да ги продолжиме градежните работи од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Градежните работи од првата фаза треба да се завршат до април 2020 година. Пластичарската улица во иднина ќе има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се донесоа последните нужни законски измени за решавање на бездржавјанството

Собранието вчера ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање на бездржавјанството. Во рамки на 125....