fbpx

Почна изградбата на плажата во Стење

-

Градежните работи на уредување на 500 метри плажа во населба Стење и 100 метри плажа во населба Сливница, на Преспанското Езеро, почнаа.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека се очекува плажата во Стење да биде завршена до јуни за да биде готова за оваа туристичка сезона.

Уредувањето на плажата подразбира изградба на шанкови, дрвена платформа, игралишта за одбојка, фудбал и за бадмингтон, туш-кабини, пешачка патека и други содржини што ќе ја збогатат туристичката понуда на ова место.

Инвестицијата е вредна 77 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...