fbpx

Почна изградбата на нов далновод Штип-Овче Поле, инвестиција од над 15 милиони евра

-

Започна да се гради новиот далновод, на постојната траса од стариот, кој ги поврзува трафостаниците Штип и Овче Поле. Далноводот Штип-Овче Поле е новата, значајна инвестиција на Македонскиот електропреносен систем оператор, МЕПСО, од која ќе има значителни придобивки населението и реалниот сектор.

„Далноводот Штип-Овче Поле е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на РСМ. Тој опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далноводи. Овој инвестициски циклус значи замена на сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години. Се вложуваат над 15 милиони евра за изградба на повеќе од 130 километри нови далноводи“, истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани, и претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Анди Аранитаси, денеска го означија почетокот на новата значајна инвестиција на МЕПСО за регионот.

Според Заев, со реализација на оваа инвестиција, се зајакнува преносната мрежа и се создава погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори. Дополнително, во целата земја се одвиваат активности на големи капитални проекти. Во тек е проектот за реконструкција на трансформаторската станица Битола 2, која е дел од најважниот енергетски прстен.

„Оваа трансформаторска станица е почетната точка и на интерконективниот далекувод Битола – Елбасан, преку кој Северна Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија на 400 киловолтно напонско ниво. Воедно, со изградбата на новата 400 киловолтна трансформаторска станица кај Охрид ќе се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот регион. Реализацијата на проектот е од огромно значење, бидејќи ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија“, изјави Заев.

Министерот Бочварски нагласи дека во услови кога со децении ништо не е инвестирано во преносната мрежа, Владата и стручниот тим на МЕПСО инвестира во реконструкција и модернизација на шест далекуводи од преку 130 километри.

„Минатата година целосно се завршени обемните реконструкции на трафостаниците Валандово, Осломеј, Дуброво и Прилеп, а во тек е реконструкција на трафостаниците во Битола, Струмица, Вруток и Скопје 4. За да го стимулираме економскиот раст и да одржиме стабилност во енергетскиот сектор, овие инвестиции ни се неопходни“, изјави Бочварски.

Генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани рече дека со оваа инвестиција се спроведува стратешката цел, транзиција на производството на електрична енергија, од јаглен кон обновливи извори. Дополнително, додаде тој, на овој далновод, во иднина ќе биде приклучена ветерната централа „Богословец” со моќност од 36 МW.

Претставникот на ЕБОР, Анди Аранитас, ја поздрави посветеноста на Владата за имплементирање на Зелената агенда во Стратегијата за енергетика, со фазно деактивирање на термоцентралите, ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, како и целокупната декарбонизација на земјата, во согласност со Европската Зелена агенда и Парискиот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...