fbpx

Почина Сем Сајмон, еден од авторите на „Симпсонови“

-

Сем Сајмон, еден од авторите на „Симпсонови“ и поборник за правата на животните, почина на 59 години. Во 2011 година му беше дијагностициран рак на дебелото црево, во напредна фаза. 

Сајмон првин работеше како сценарист за „Такси“, „На здравје“ и за „Шоуто на Трејси Улман“, а потоа почна со работа на „Симпсонови“ во 1989 година, како еден од авторите.

Си замина од серијата по четвртата сезона, со договор што му гарантираше добивка од авторски права на серијата, која сè уште се емитува.

Тој ја основа фондацијата „Сем Сајмон“, која спасува кучиња од стационари и ги тренира да им помагаат на луѓе со хендикеп. Исто така, донираше пари на здруженијата „Милост за животните“, ПЕТА, „Си шепард“ и многу други, а, исто така, основа и банка за храна во Лос Анџелес.

Тој си дал завет дека своето богатство, проценето на 100 милиони долари, ќе го подели пред да почине. Парите ги дал во добротворни цели за да им помогне на бездомници и за да спаси животни кои во прибежишта ја чекаат смртта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...