Почина универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии, Јане Миљоски.

Миљоски предаваше на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, а потоа беше ректор на приватниот „Њујорк колеџ“.

Во економските кругови ќе остане запаметен како татко на приватизацијата и на денационализацијата, а беше и голем љубител на џез-музиката.