Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет во Скопје

Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје соопшти дека починал проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на факултетот, поранешен декан на факултетот и поранешен министер за образование и физичка култура.

Бајалџиев (78) беше министер за образование и наука во периодот 1992-1994 година и декан на Правниот факултет од 2000 до 2004 година.

„Со заминувањето на проф.д-р Димитар Бајалџиев, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, поранешен декан на Факултетот и ценет колега и пријател. Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и вработените на Факултетот“, се вели во известувањето.