Почина поранешниот заменик-министер за образование и универзитетски професор Тале Герамитчиоски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук-профил соопшти дека вчера починал Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник во Собранието во периодот 2006-2008 година.

Герамитчиоски беше и универзитетски професор од областа на машинството, со голем број научни дела.

Погребот ќе се изврши денеска, на градските гробишта во Прилеп.