Почина Владимир Блажев – Панчо, од дуото ДНК. Пејачот, во трагедијата во дикотеката Пулс во Кочани на 16 март, се здоби со сериозни изгореници на лицето и рацете и повреди на внатрешните органи, кои изминатите седум месеци ги лекуваше во повеќе болници во земјава.
Од Јавното обвинителство ја потврдија веста и информираа дека ќе издадат наредба за обдукција. Претходно, Обвинителството беше времено ја прекина постапката против Панчо, токму заради неговата здравствена состојба.
Панчо беше дел од групата ДНК, заедно со Андреј, со кој вечерта кога се случи пожарот имаше настап во дискотеката. Во текот на својата кариера, тие организираа и голем број на хуманитарни концерти и настани и собираа средства за лица на кои им требаше помош.
Во пожарот „Пулс“ настрадаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Меѓу загинатите е и пејачот на ДНК Андреј Ѓорѓиески, како и членовите на бендот Александар Коларов, Ѓорги Ѓоргиев, Сара Пројковска и Филип Стевановски.
