Почина папата Франциск

Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел

-

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка.

Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел.

„Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Франциск. Утрово во 7:35 часот по локално време, бискупот на Рим, Франциск, се врати во домот на Отецот. Целиот свој живот го посвети на служба на Господ и на Неговата Црква“, изјави кардиналот Фарел.

На 14 февруари Папата беше примен во болница на лекување на бронхитис.

Во деновите што следеа, Ватикан соопшти дека му била дијагностицирана билатерална пневмонија и дека му била извршена трансфузија на крв, откако тестовите покажале ниски нивоа на тромбоцити, поврзани со анемија.

На 22 февруари Ватикан објави дека папата е во критична состојба по „продолжена респираторна криза“ која бара давање на големи количини кислород, а следниот ден беше објавено дека папата развил блага бубрежна инсуфициенција.

Роден во 1936 година, папата Франциско беше првиот папа од Јужна Америка.

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...