На 61-годишна возраст почина долгогодишната новинарка и уредничка Гордана Дувњак, која беше една од најпрепознатливите фигури во македонското новинарство, посебно во областа на политиката и правосудството.
Новинарската кариера Дувњак ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија. Во периодот од 1991 до 1999 година работи во весникот „Нова Македонија“. Од 1999 до 2017 година работи како новинарка и уредник во весникот „Утрински весник“, а потоа кратко и на порталот „Макфакс“. Во 2018 година е вработена во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата, а од 2019 година е во весникот „Фокус“.
Во последните години работеше како портпаролка на Судскиот совет.
Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре во 12 часот на градските гробишта во Бутел.
