fbpx

Почина маж повреден во терористичкиот напад во Лондон

-

Како последица на ранување во терористичкиот напад во Лондон, синоќа почина 75-годишен маж. Со тоа бројот на загинатите се зголеми на пет лица, а 40 се повредени.

Полицијата вчера го соопшти идентитетот на напаѓачот. Станува збор за 52-годишниот Халид Масуд од Кент, роден во Велика Британија, кој претходно им бил познат на разузнавачките агенции. По претресите во Бримингем, каде наводно живеел и изнајмил автомобил, полицијата уапсила осум лица, а одговорноста за нападот ја презеде таканаречената Исламска држава.

Во центарот на Лондон синоќа се собраа повеќе илјади лица за да им оддадат почит на жртвите на нападот. Додека од целиот свет пристигаат осуди за нападот и пораки за поддршка, нивото на опасност останува сериозно, изјави премиерката Тереза Меј.

Британската полиција со години подготвувала планови за одбрана од терористички напади, како што беше нападот во Лондон, но повеќепати повтори дека ќе биде тешко да се спречи напад на „волк самотник“ со едноставно оружје, како што е автомобил и нож.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...