fbpx

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

-

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната.

– Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог, педијатар, направен е обид за реанимација, но безуспешно. Точната причина за смртта засега не е утврдена – изјавила  Силвана Мишкова, портпаролка на велешката општа болница за „Телеграф“.

Како што објавува порталот, според неофицијални информации, можно е да се јавило воспалување на белите дробови или проблеми со срцето.

Од Министерството за здравство сè уште нема никаква реакција, не одговорија ниту на телефонските повици ниту, пак, на нашето прашање дали министерот Никола Тодоров, кој на 21 ноември изјави дека државата ќе го плати лекувањето на девојчето, ќе понесе одговорност за животот на Тамара.

Во 13 часот, советникот на директорт на ФЗО, Бранко Аџигогов ќе одржи прес-конференција.

Два и пол месеци родителите на Тамара чекаа да завршат бирократските процедури околу праќањето на девојчето на операција во странство. Потоа, Фондот за здравство чекаше официјален документ од Клиниката за ортопедија и траумотологија, односно ново конзилијарно мислење. Мајката на Тамара тогаш за „Телеграф“ изјави дека очекува операцијата да се изврши во јануари, а како опции првично им беа понудени Хрватска, Турција, Германија и САД. Родителите постојано предупредуваа дека ситуацијата се влошува, дека искривувањето за една година двојно се зголемило – од 40 отсто на 80 отсто, притиска врз срцето и врз белите дробови и прави дополнителни компликации. На средината на јануари, телевизија „Телма“ објави дека Фондот чека да се конкретизира терминот, докторот и болницата каде ќе се изврши операцијата.

Социјалните мрежи се преполни со реакции, граѓаните бараат министерот Тодоров да преземе одговорност за случајот на Тамара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...