Фото: Принтскрин, РТС, Јутјуб, јануари 2017 г.

На 78 годишна возраст, како резултат на компликации од болеста ковид-19, во Белград почина македонскиот уметник, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов.

Хаџиманов по потекло е од Кавадарци, но долги години живееше во Белград каде беше во брак со српската пејачка Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов. Тој, исто така, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Во својата богата кариера, Хаџиманов оставил записи од повеќе од 5.000 македонски песни, а автор е на стихозбирките „Пес-Пејачка“, „Народен пејач“, „Азил“, „Брат“, „Шансони на хартија“.

Неговите најпопуларни песни „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“, се едни од најслушаните македонски евергрини во регионот.

Хаџиманов, исто така, учествува како актер и во повеќе филмови, меѓу кои и „Македонска крвава свадба“, а има добиено и повеќе награди и признанија во целиот регион.