Почина актерот Митко Апостоловски

На 67-годишна возраст почина актерот Митко Апостоловски. Веста за неговата смрт преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе неговиот колега од битолскиот театар Петар Горко.

„Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот“, напиша Горко на својот Фејсбук профил.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Тој глумеше во повеќе македонските филмови меѓу кои и во „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Умри машки“, „До балчак“, „Последниот Македонец“, „Лазар“ и други.