Почина Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни ваљак“

Фото: Мета.мк

Денеска, на 66 годишна возраст, почина пејачот и фронтмен на култниот екс-ју бенд „Парни ваљак“, Аки Рахимовски. Информацијата за смртта на Рахимовски беше објавена и на фан-страницата на Фејсбук на „Парни ваљак“.

Како што информираат хрватските медиуми, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница во Ново Место, Словенија, каде што подоцна починал. Пред четри години тој преживеал мозочен удар.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш. Оттаму со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Блад брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак. Тој беше вокал на 18 студиски албуми на групата.

Аки Рахимовски ги отпеа легендарните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Као ти“, „Неда“…

„Јесен у мени“

„Све још мирише на њу“

„Доџи“