fbpx

Почина 13 годишно дете од компликации од грип

-

Како резултат на компликации од грип, почина 13 годишно дете на Клиниката за детски болести, информираат оттаму.

– На Универзитетската клиника за детски болести, вчера почина 13 годишно дете како последица од компликации од грип. Детето од раѓање боледувало од хронична енцефалопатија, дијагноза која дополнително го зголемила ризикот за ваквиот исход од инфекцијата. Во моментов на клиниката се хоспитализирани 17 деца кои за кои има сомневање или се болни од грип – велат на Клиниката.

Инаку од оваа година, децата со компликации од вирози или грип, освен на Детската клиника, се хоспитализираат и на Клиниката за инфективни болести. На Детска лежат дечиња помали од четири години, а на Инфективна се примаат оние над четиригодишна возраст.

Засега нема да се прогласи епидемија на грип. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на шестата недела од 2020 година, пријавени се 3.614 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 27,9 отсто во споредба со минатата недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...