fbpx

Победата на Беса е победа на Албанците, порача Касами

-

Беса сигурно ќе победи на овие избори, но тоа нема да биде победа на политички субјект, тоа ќе биде победа на Албанците во Македонија, победа над ДУИ која 10 години ѝ слугува на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва лидерот на Беса, Биљал Касами, на митингот што неговата партија го одржа во Тетово.

– ДУИ веќе нема подршка од народот, гледате самите дека на митинзите носат луѓе од надвор. Тие се подготвени сè да продадат за да имаат корист и да им наштетат на Албанците. Пак ќе кажам дека победата на Беса е сигурна, затоа што во ДУИ народот не гледа веќе ништо, тоа е партија во која повеќе нема никаква демократија, партија која само сака да остане на власт, ДУИ веќе пропаѓа – рече Касами

Тој додаде дека целта на Беса е да заврши владеењето на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ и народот да добие политичари кои не се корумпирани.

– Ние сакаме на овој народ да му помогнеме, не да го оставиме во рацете на политичките банди. Вие на овие избори нема да гласате за Беса, туку ќе гласате за достоинство на Албанците – изјави Касами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...