fbpx

По забраната за увоз, Цементарница ќе гори конвенционални горива

-

Неколку дена по донесувањето на измените на Законот за управување со отпад во Собранието, со кое беше забранет увозот на отпад како енергенс, сè уште нема прецизни анализи какви ќе бидат ефектите од оваа забрана. Најголем корисник на отпад како енергенс во државава е скопската Цементарница „Титан-Усје“, но и таа отпадот, односно РДФ горивото, досега го користеше во само 4 проценти како замена за конвенционалните видови на горива за своите технолошки процеси.

„УСЈЕ ќе ги почитува одредбите од Законот за отпад што беа усвоени и нема да користи алтернативно гориво од увоз кое и досега беше само 4 % од вкупната количество енергенси што ги користиме“ се вели во изјавата за „Мета.мк“ од скопската Цементарница. Ќе продолжиме со користење на конвенционално гориво во нашата работа, како и алтернативно гориво од земјава, односно оризова арпа од Кочанско, која успеваме да ја набавиме во многу мали количини, стои натаму во одговорот на „Титан-Усје“.

Оттаму коментираат дека иако овие измени се донесени со цел ја подобрат состојбата со животната средина, тие воопшто нема да придонесат, како и дека пред овие промени законот целосно бил услогласен со регулативите на ЕУ, а сегашните измени допрва повторно треба да се усогласуваат со ЕУ легислативата.

Граѓанските здруженија вршеа силен притисок за воведување на забрана за увоз на отпад откако во јавноста се појавија докази дека во Македонија се согорува отпад и тоа се поврзува со загадувањето на воздухот. Последен од неколкуте протести на граѓаните и еко-активистите се случи во средата токму пред Цементарницата, само неколку часа пред да биде донесена забраната.

Мострите од отпадот, земени пред десет дена при вонредна контрола на преминот Богородица,  ги задоволуваат барањата на Европскиот стандард за цврсти обновени горива, соопштија денес од Министерството за животна средина.

Како резултат на зголемениот фокус на јавноста во однос на тоа што се увезува како енергенс за индустријата, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа на 29ти минатиот месец извршил вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со отпад (РДФ) од Италија. Камионите натоварени со отпад беа за потребите на цементарницата Титан Усје, а беа  запрени на влез на граничниот премин Богородица.

Од отпадот беа земени мостри, а за поголема веродостојност на резултатите, земените мостри беа доставени до Истражниот центар за животна средина во Естонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...