fbpx

По вртоглавиот пад, надворешната трговија покажува знаци на живот

-

Голем пад на извозот и на увозот има во вториот квартал од годинава, откриваат најновите податоци на Народната банка. Извозот на стоки бележи пад од 35,7 отсто на годишна основа. Сепак, гледано по месеци, најголем дел од падот е сконцентриран во првите два месеца од кварталот, додека во јуни се забележува позначително забавување на падот на извозот.

Од Народната банка информираат дека од аспект на структурата, годишниот пад во најголем дел произлегува од понискиот извоз на новите капацитети во економијата (учество од околу 75 отсто во вкупниот пад на извозот во вториот квартал), коишто во текот на април и мај имаа прекин на активноста или работеа со намален капацитет. За намалување на извозот придонесоа и сите преостанати извозни категории, но значително послабо. Негативниот придонес во вториот квартал е поизразен кај останатиот извоз (без новите компании ориентирани кон извоз), извозот на железо, како и текстил и храна.

„Во споредба со априлските очекувања, остварувањата во вториот квартал од 2020 година се подобри од проектираниот извоз за овој период. Извозот на новите капацитети во економијата бележи позначителен раст, што се должи на добрите извозни остварувања во јуни. Дополнително нагорно отстапување се забележува и кај извозот на железо и челик, тутун и руди, додека остварениот извоз на храна во второто тримесечје е понизок од очекуваниот согласно со априлската проекција“, се вели во извештајот на Народната банка.

Од друга страна, увозот на стоки во второто тримесечје оствари пад од 31,9% на годишна основа. Притоа, соодветно на извозните остварувања, увозот позначително се намали во текот на април и мај, додека во јуни се забележува забавување на падот.

Од Народната банка укажуваат дека намалениот суровински увоз на новите компании ориентирани кон извоз е факторот што го предизвика падот на увозната компонента, како одраз на пониските извозни отварувања на овие компании. Овој фактор, дополнет со пониската инвестициска активност, доведе до понизок увоз на опрема и машини и останатиот увоз.

Падот на енергетскиот увоз во второто тримесечје во најголем дел произлегува од ценовните фактори, односно високиот пад на цената на суровата нафта на светските берзи во април, а во помал дел од понискиот количински увоз на нафтени деривати. Од преостанатите увозни категории, текстилот и облеката, возилата и железото и челикот исто така предизвикаа намалување на вкупниот увоз на годишна основа, но значително послабо.

„Остварувањата кај увозот на стоки во вториот квартал од 2020 година се повисоки од очекувањата според априлските проекции, во најголем дел како резултат на повисокиот увоз на дел од новите извозни капацитети, повисокиот увоз на опрема и машини и останатиот увоз, а во помал дел и поради увозот на храна, енергија и железо и челик. Од друга страна, послаб е увозот кај текстилот и облеката, возилата и стоките за широка потрошувачка. Остварувањата на компонентите на надворешнотрговската размена во текот на вториот квартал од 2020 година доведуваат до трговски дефицит, којшто е понизок од очекуваниот во априлската проекција“, потенцираат од Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...